Прилепска скара, ширден
ПРИЛЕП е познат по разнобројни манифестации како: пивофестот, театарските игри и слично. Прилеп е исклучително познат и по скарата, која е најубава на Балканот. Се прави плескавица, македонка, ловечка, но најпознато месо е Прилепскиот ширден Ширден е македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп . Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето . Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden , што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите . За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо ( јагнешко , телешко и свинско ), ориз и разни зачини . Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.